Пријателството не е мала работа, а вистинските пријатели не се забораваат. Животот некогаш ги носи горе, некогаш долу, но тие остануваат заедно и се почитуваат. Охрид е атрактивно туристичко место, каде неретко доаѓаат и познати политичари. Сакаат да ги видат природните убавини на градот, културно историските споменици и секако да вкусат добра храна.
Една таква средба пред десетина години ги спријатели познатиот охридски угостител Љупчо Патче и сегашниот претседател на Австрија Хајнц Фишер, кој тогаш беше претседател на Собранието.Оттогаш наваму иако ретко се гледаат нивните средби се интересни и искрени. Последната им беше на отворањето на Охридско лето, а охриднењс дојде до ексклузивните фотографии од срдечната средба на пријателите. Фишер пред ресторанот „Далга“ му салутира на Љупчо Патче, а овој пак на добар германски (долги години работеше Германија) му рапортира… Е тоа се пријатели!
пријатели
ohridnews