Напредок и Силекс екипите кои ги очекува долга пролет за да го обезбедат прволигашкиот статус, одиграа пријателско реми 1-1 на подготовките во Охрид.
Напредок го отвори резултатот преку новајлијата Танчески , додека на старт на вториот дел Глигоров ги постави конечните 1-1.
Силекс во наредните 20 дена ќе остане во Охрид, каде ќе одигра серија пријателски натпревари.
– Мечот со Напредок беше можност да им дадам шанса на играчите да се истрчаат. Задоволен сум од залагањето и играта на српските интернационалци голманот Петровиќ , како и Милисављевиќ и Јанковиќ кои добија 45 мин да покажат што знаат –вели стратегот на кратовци Андовски.
Наредниот натпревар Силекс ќе го одигра в четврток против Охрид.
Тимот на Бочески, Напредок се уште е во потрага на вистинската форма, а за таа цел ќе одиграат уште неколку пријателски натпревари.
– Сите добиваат шанса, задоволен сум од ангажираноста, додека резултатот ние во втор план во овие мечеви- вели охриѓанецот кој ќе има тешка задача да го извлече Напредок од опасната зона.