Македонската репрезентација до 19 год ремизираше со соодветната репрезентација на Словенија 1-1.  Гостите поведоа на истекот на првото полувреме преку Станчич, кој одлично реагираше на асистенцијата на Петек. Избраниците на Бочески во вториот дел имаа повеќе прилики од кој реализираа само една. Израмнувачкиот погодок во 67 мин  беше дело на Тимов.


Наредната тест средба овие две репрезентациии ќе ја одиграат во четврток во 9:30 часот.