Пријателите на Даниел Ретклиф многу биле загрижени за актерот и ѕвездата на филмовите „Хари Потер“ бидејќи во последно време повторно многу пиел. На почетокот на годината Даниел Ретклиф во едно интервју признал дека за време на снимањето на Хари Потер речиси секоја вечер пиел и на снимањата одел мамурен. Пред две години престанал да пие, но пред еден месец повторно потклекнал.
Како што пренеле медиумите, тој со пријателите бил во еден клуб во Њујорк каде испил поголемо количество алкохол и имал кавга со диџејот. По неколку дена му било многу непријатно порадни настанот и сакал да се врати во клубот и да му се извини на диџејот. Поради овој инцидент пријателите го наговарале да побара експертска помош и да престане да пие алкохол.