Аниш Шулка (16) го искористил отсуството на своите родители и организирал забава во својата вила во Кингстон, Велика Британија. Направил отворена покана на Фејсбук и во неговата вила се собрале стотина тинејџери. Настанал толкав хаос, што соседите повикале полиција, која морала да интервенира со шест возила,а пристигнале и две возила на брзата помош.
Соседите раскажале дека децата направиле таков неред, што не можел да се забележи тревникот од шишињата и лименките. Пиеле, повраќале, урлале и фрлале предмети од прозорците. Од семејството на момчето не сакале да ја коментираат забавата.