Викторија Бекам минатата седмица ја родила ќерката Харпер Севен. Неа и на сопругот Дејвид тоа им е четврто дете, но прва ќерка. Бидејќи парот има многу пријатели кои сакаат да покажат колку им е драго што добиле ќерка, едноставно биле бомбрадирани со подароци. Цела една соба во нивниот дом во Лос Анџелес морале да ја испразнат како би направиле место за подароците. Меѓу подароците најбројни биле носилките во кои Викторија ќе го носи девојчето.
Подароци испратиле Кристијано Роналдо, Ева Лонгорија, Принцот Вилијам и Кејт и многу други. И пред Викторија да си оди дома, на влезот од болницата каде се породила бил фотографиран нивниот телохранител кој едвај ги носел бројните подароци кои пристигнале за Харпер Севен. Пред породувањето Викторија организирала дарување за својата ќерка на кое присуствувале Никол Ричи, Деми Мур, Селма Блер и голем број други гости.