Кевин Витакер (31) и Кори Џенс (30) од Сан Франциско (САД) заслужиле честитки по обидот да влезат во Гинисовата книга на рекорди, но веројатно не им било до ракување. Тоа е бидејќи сакале да го срушат стариот рекорд од девет часа и се ракувале 9 и пол часа.
Во Гинис мора уште да го потврдат новиот рекорд, но пријателите се уверени дека се направиле според правилата. А правилата велат дека не мора да се гледаат во очи, или да разменуваат срдечни зборови. Мора само еден на друг да ги стискаат рацете и да ги мрдаат горе-долу. На крајот признале дека рекордното ракување било болно и напорно.