Огледувајќи се на успехот на филмот „Сексот и градот“ и „Пријатели“ одлучија својата серија да ја префрлат на големите кино екрани. Во филмот би гледале што на Рејчел, Фиби, Моника, Џои, Рос и Чендлер ќе им се случи десет години подоцна.


Кино верзијата на оваа популарна серија би требало да биде снимена во наредните 18 месеци, а главните актери веќе ги потпишале договорите. На ѕвездите на некогашната серија добро ќе им дојде филмот бидејќи по серијалот никој од нив не успеал да оствари некоја поголема улога на големото платно, освен Џенифер Анистон (Рејчел) која оствари голем успех појавувајќи се во неколку романтични комедии.