Приходите во туризмот оваа година ќе паднат за 4 проценти, а поради светската економска криза се очекува и намалување на бројот на странски туристи кои ќе ја посетат земјава.

Доколку се остварат ваквите песимистички прогнози, околу 5 отсто од вработените во туризмот во Македонија ќе ги загубат своите работни места. За да не се случи тоа Хотелската асоцијација предлага намалување на ДДВ за угостителските објекти кои служат храна од 18 на 5%, а исто такво намалување се бара и за приходите остварени од ноќевањата. Хотелиерите бараат и нивно ослободување од плаќање данок за склучени аранжмани кои се однесуваат на странски гости.

Поради рецесијата во светот годинава се очекува пад на приходите во туризмот за цели 30%.

Ohridnews