Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ соопштила дека минатата година остварила приходи кои надминале две милијарди евра. Тоа е 16 проценти повеќе во однос на резултатот од 2011, вклучувајќи раст од 11 проценти во Европа која била погодена со кризата.


Челникот на фирмата изјавил дека одличните резултати ја покажале способноста на компанијата да ја зацврсти својата позиција во секторот. Приходите во 2012 пораснале на 2,09 милијарди евра, со посебно остар раст на Далечниот исток од 29 проценти, вклучувајќи скок на приходите од 39 проценти во Кина.