По 1000 денари  ќе треба да платат матурантите,  кои што сакаат да поднесат приговор на тестот од Државната матура. Министерството за образование реши да  ја намали цената на  приговорот кој лани  изнесуваше 1.400 денари.
 
Ресорниот министер Никола Тодоров вчера изјави дека на ваков чекор се одлучиле поради економската состојба во земјава, но и за да им овозможат на учениците кои се сомневаат во резултатите од државната матура полесно да ги проверат.

Тодоров посочи дека вториот дел од полагањето државна матура помина во најдобар ред, без инциденти и нарушувања на процесот.

Според резултатите од Државниот испитен центар од вкупно пријавени 18.528 кандидати странски јазик полагале околу 83 отсто, математика околу 16 отсто, додека естетика, односно филозофија, полагале еден процент. Во моментов се обработуваат податоците и за неколку денови ќе се знае дали сите пријавени матуранти полагале државна матура.

OhridNews