Со пригодна програма, во организација на локланта самоуправа, утре ќе биде одбележана 102 годишнина од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков.

По тој повод пред спомен-плочата кај родната кука на Бошнаков делегации на општината, институции, асоцијации и поединци, ќе положат свежо цвеќе, а пригодно обраќање ќе има претседателот на Советот на Опстината, Душко Јаковчески.


Марко Бошнаков

На 28 април 1903 година Марко Бошнаков
заедно со гемиџиите од Велес, Кратово и други револуционери ја извеле најголемата терористичка
акција во своето време против османлиската империја во Солун. По акцијата, Марко Бошнаков е уапсен и затворен во Фезан (Африка). Таму умира а преживеаните гемиџии како што претходно се договориле
главата на починатиот Марко Бошнаков ја донеле во Охрид каде била
закопана.