Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески денеска во 10 часот ќе организира три пригодни приеми.
Во рамки на првиот прием Градончалникот ќе му врачи компјутер, на детето со посебни потреби Даниел Нунески. Компјутерот е обезбеден со средствата собрани од хуманиарниот концерт на маестро Симон Трпчески, што на 7-ми ноември се одржа во Охрид.
По повод освоениот сребрен медал на Европскиот натпревар по кулинарство, што пред извесно време се одржа во Дубровник, Градоначалникот ќе оствари средба и со ученикот во Средното угостителско училиште, Христијан Петрушески.
Исто така Градоначалникот денеска ќе има средба и со Мишко Танески, по повод големата афирмација на Охрид, со искачувањето наеден од највисоките врвови на светот – Ајланд Пик на Хималаите.