На првиот училишен ден, “Виа Фарм” аптеките поделија пакетчиња на првачињата од Охрид, Струга и Вевчани.
Школски прибор, витамини, спрејчиња и други мали подароци добија првачињата од охридските основни училишта „Григор Прличев“, „Св.Климент Охридски“, „Братство и единство“ и „Христо Узунов“, како и во „Јосип Броз“ во Струга и „Страшо Пинџур“ во Вевчани.
Во наредните денови вакви подароци ќе добијат уште неколку училишта во регионот, со што Аптеки “Виа Фарм” ќе заокружат уште еден во низата општествено одговорни проекти по кои овој фармацевтски бренд е препознатлив во заедницата.
Фото галерија:
OhridNews