Женскиот центар „ Бисера “ денеска со пригодна манифестација ќе го одбележи меѓународниот ден на мајката.
Свеченоста што центарот ја организира под покровителство на локалната самоуправа и во соработка со основните училишта од општинава ќе се одржи вечерва од 18 часот во основното училиште „Христо Узунов“.
По овој повод беше распишан и литературно-ликовен конкурс на тема „Мајка“, а на најдобрите ученици кои твореа на оваа тема ќе им бидат доделени и пригодни награди.
Ohridnews