Градоначалникот Александар Петрески претпладнево приреди прием за членовите на Теквондо Клубот „Охрид“ кои на ЕП освоија 12 одличја и на членовите на Стрелачкиот Клуб „Охрид“ кои на освоениот куп минатата година придодадоа уште три односно две куп-првенства оваа година.
На ЕП во Умаг – Хрватска таеквон-до мајсторот Аце Јосифоски освои злато и бронза, а во натпреварите за Европскиот Куп младите членови на Теквондо клубот „Охрид“ освоија 10 медали.
Поздравувајки ги и честитајки им на успесите, градоначалникот Петрески на сите ним им ја искажа натамошната поддршка бидејки, како што истакна, спортот и културата се презентери на Охрид но и потврдено се најдобрата форма за борба против пороците на денешницата. Во таа смисла, Петрески најави и збогатување на формите на поддршка на талентите во културата и спортот и преку форми на соработка со збратимените градови ширум Европа и аплицирањето од страна на Општината пред разните ЕУ фондови.
Во знак на благодарност за досегашната соработка и успехот на Теквондо клубот кој е успех и за Охрид, претседателот на клубот и европски шампион Аце Јосифоски на градоначалникот Петрески му ја врачи Плакетата која Теквондо федерацијата на Европа во која членуваат клубови од 21 земја му ја додели на охридскиот градоначалник за време на ЕП во Умаг.