Многу од нив веќе имале можност да уживат во нив, а некои допрва ќе можат да го почуствуваат овој “благодет”.
Кога под сопствениот прозор имаш градилиште поради кое не можеш и на 40 степени да отвориш прозор поради прашината која се крева и бучавоста, навистина е благодет. Особено кога наскоро, на само пет метри од твојот прозор наместо планина, ќе гледаш во ѕид или прозорот од новоизградената зграда.
При тоа, без проблем ќе може да се види што имаат соседите за ручек, да чуеш како си поминале на работа, а по потреба и да се приклучиш во некои нивни меѓусебни кавги. Навистина не може да се порекне дека ваквите придобивки и благодети кои им ги овозможува Локалната самоуправа на своите граѓани не се за потценување.
Сепак, мислењето на охриѓани е дека не го сакаат овој “благодет”, сакаат да живеат во нормални услови, за кои се надевале дека ќе ги имаат кога ги купувале своите станови. При тоа не се надевале дека ќе дојде време, од својот прозор директно да гледаат во ѕид, да немаат природна светлина во својот дом, ниту пак зеленило кое го саделе пред повеќе од триесет години во заедничка акција со соседите, a заради урбанизацијата тоа исчезнало со едноставно добивање дозвола за сечење на дрва постари и од две децении.
Сето тоа, поради големата грижа на надлежните- граѓаните на Охрид да ги осетат придобивките од урбанизацијата, од која очигледно корист имаат само поединци.