Папата Франциск почина од мозочен удар и срцева слабост. Мозочниот удар доведе до кома и неповратна срцева слабост, соопшти Ватикан.

Д-р Андреа Аркангели, директор на Дирекцијата за здравје и хигиена на државата Ватикан, ја издаде официјалната потврда, а Канцеларијата за печат на Светата столица го објави извештајот вчера вечерта.

Според медицинскиот извештај, папата имал претходна историја на акутна респираторна инсуфициенција предизвикана од мултимикробна билатерална пневмонија, повеќе бронхиектази, висок крвен притисок и дијабетес тип II.

Неговата смрт е констатирана со електрокардиографска танатографија. „Со ова изјавувам“, напиша д-р Аркангели, „дека причините за смртта, според моето најдобро знаење и проценка, се како што е наведено погоре“.

Во тестаментот од 2022 година, кој е многу краток, папата напиша дека сака да биде погребан многу скромно, во Базиликата Света Марија Маѓоре, со единствен натпис Франциск (Фрањо на латински).

Телото на папата Франциско, кој почина вчера во Ватикан, е изложено во домот Санта Марта.

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова се огласи на социјалните мрежи по смртта на папата Франциск.

Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста. Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност, напиша синоќа Сиљановска Давкова, споделувајќи фотографија од нејзината средба со Франциск.

OhridNews