Откако приватните трговци развиле бизнис продавајќи копии од вереничкиот прстен на Кејт Мидлтон, стигнала и веста дека кинеската фирма „Дангси Санхуан Груп“ победила на конкурсот за производство на порцелан за кралската свадба. Оваа компанија потекнува од покраината Дангси, која е надалеку позната по производството на керамика и порцелан, а победила на конкурсот на кој биле пријавени повеќе од 500 фирми.


Тие ќе изработат 16 илјади парчиња порцелански садови за јадење, а на нив во облик на срце ќе се најде фотографија на принцот и Кејт. Идните сопружници ја воодушевиле јавноста со изјавата дека не сакаат подароци за свадбата, туку апелирале на своите гости наместо подароци парите да ги донираат во хуманитарни цели.