Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), во декември 2024 година државава ја посетиле 55 371 турист, од кои 38.5 % биле домашни, а 61.5 % странски туристи. Во декември 2024 година биле остварени 113 490 ноќевања, од кои 41.2 % од домашните туристи, а 58.8 % од странските.

Најбројни биле туристите од Турција, Бугарија и Србија, покажуваат податоците на ДЗС.

Споредбено со декември 2023 година бројките говорат дека во 2024 година имаме минимално намалување на бројот. Имено, во декември 2023 година се евидентирани 55 875 туристи, од кои 38.6 % биле домашни, а 61.4 % се странски туристи. Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111 668, од кои 41.6 % се од домашните, а 58.4 % од странските туристи.

Во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 7.8 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 13.1 %.

Во периодот јануари – декември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.1 %, а кај странските има зголемување за 8.9 %.

Н.С.Ј.