Македонската ракометна репрезентација се соочи со големи проблеми пред одлучувачките два мечеви во квалификациската група за Европското првенство во Полска.


Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров се уште се мачи со повредата здобиена во финалето од Лигата на Шампиони, а Наумче Мојсовски и Ренато Вугринец имаа проблеми со документацијата.

– Непријатно сме изненадени од неиграњето на квалитетни и пред се искусни играчи за Македонија на одлучувачките натпревари. Особено, голем хендикеп ќе биде неиграњето на Кире Лазаров за кој нема потреба да трошам зборови што значи за оваа селекција. Година и пол сум во македонската селекција и прв пат се соочуваме со вакви проблеми што ни создаваат многу поголем притисок. – рече Немања Прибак.

Противници на Македонија во двата мечеви се Швајцарија со која ќе сретнеме во гости и Чешка, која ќе пречакаме на домашен терен.

Ohridnews