Натурализираните македонски репрезентативци Немања Прибак и Ренато Вугринец се импресионирани од Охрид и неговата убавина. Тие беа дел од селекцијата која одработи четиридневни подготовки во Охрид во рамките од неделата на ЕХФ.
– Мојата фамилија често доаѓа тука кога јас сум некаде на подготовки подолго време. Јас не доаѓам тука прв пат, но сега подобро го запознав градот и неговите убавини – рече Вугринец.
Подготовките во Охрид според ракометарот на Вардар, Прибак биле вистинско место и прав избор за полнење на батериите.
Мх.П.