Ракометарите на Вардар со победата над Монпеље направија чекор напред кон освојувањето на втората позиција во групата.


– Ваков успех имавме и минатата сезона, но оваа одиме на повисок пласман затоа желбата е многу поголема. Пред полната сала и феноменалната публика неможиш да не одиграш до последниот здив. Што се однесува до техничките грешки мора да ги има кога играш ракомет со брза транзиција. Монпеље не беше наивен противник туку ние од самиот почеток притиснавме што ни овозможи да го контролираме текот на мечот.- рече Немања Прибак.

Во следната рунда „црвено црните“ го играат мечот на сезоната против германскиот бундеслигаш Рајн Некар Ловен.

Мх.П.