Човек, кој тврди дека му биле потребни две децении за собирање таблети екстази како хоби,во сите бои и облици, и пријавил на полицијата кражба на истите, бидејќи некои од нив биле опасни по живот. Полицијата потврдила дека дека 46-годишен маж одлучил да пријави кражба на забранети таблети.
Во колекцијата имало дури 2400 различни пилули, а најопасни биле оние црвенобелите кои ги имало околу 40. Човекот не бил ниту дилер ниту консумент на истите, потврдиле надлежните органи. Крадецот провалил во неговиот дом кој се наоѓал во Ирбик, 90 километри од Амстердам. Сеуште не е познато дали тој ќе одговара за поседување на дрога, која на пазарот би чинела околу 11 илјади евра.