Од НЛБ банка информираат дека по вчерашниот вооружен грабеж што се случи во 10.36 минути во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир, клиентите и вработените на Банката се безбедни и во добра состојба.

  • Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување. Дополнително, работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување, стои во соопштението на банката.

Со истрагата е утврдено дека при грабежот се одземени 150.000 евра.

OhridNews