На регионалниот пат Струга-Дебар, вчера, во 23 часот, во близина на струшкото село Враништа, полициски службеници запреле патничко моторно возило марка „Голф“, управувано од 32-годишно лице од струшкото село Радолишта. По издадена наредба да излезе, лицето го стартувал возилото и избегало, при што повлекол еден полициски службеник, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во тој момент, од друг полициски службеник биле испукани два предупредувачки проектили во воздух, но возачот не застанал.

По преземени мерки, возилото „Голф“ било пронајдено во селото Радолишта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

OhridNews