Денеска во утринските часови ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд, претежно во северните делови, а во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието, каде повремено ќе засилува. Во Охридскиот регион сончево до умерено облачно со темература до 22 степени Целзиусови.

Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, во Охрид ќе преовладува и во сабота. Во недела сончево и потопло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од 22 до 28 степени, информира УХМР.

OhridNews