Северниот ветар што дуваше неколку дена по ред придонесе за намалување на температурата на езерската вода.

Најновите мерења извршени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи, утрово во 7.30 часот, покажуваат дека темепратурата на водата во езерото, е 22 степени.

Времето денес и во текот на викендот ќе биде претежно сончево, со повремени периоди на облачност, особено топло и пријатно ќе биде во недела. Максималната температура ќе биде до 27 степени, а минималната 15.

Најновите мерења покажуваат дека нивото на езерската вода е 693, 53 мнм.