Во знак на поддршка на македонската фудбалска репрезентација, која првпат се пласираше на една Европското првенство, Владата на синоќешната редовна седница, одржана преку видеоконференциска врска, донесе Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари.

Како што информира владината Прес-служба, согласно оваа Одлука, подготвителниот натпревар на нашата фудбалската репрезентација со Словенија, кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје ќе се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините.

За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада, се додава во соопштението.

OhridNews