Денес пријателски натпревар помеѓу екипите на ГФК Охрид Лихнидос и Вардар Скопје во рамки на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Натпреварот ќе биде одигран во формат од две полувремиња по 60 минути, информираат од клубот.
Истиот е со почеток во 17:30 часот на стадионот Билјанини извори.
Од клубот информираат и дека тренажниот процес на ГФК Охрид се движи според планираното, а екипата во полн ек секојдневно се подготвува за почетокот на новата сезона.
Во подготвителниот период фудбалерите на Охрид Лихнидос одиграа две пријателски средби, со Пелистер и Егнатиа од Албанија.
OhridNews