Синоќа околу 21,00 часот по претходно добиено сознание, од страна на службени лица од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР-Струга превземени се мерки за приведување на лицето Оливер К.(1984) од Охрид, кој во с.Радолишта-Струга купил еден килограм опојна дрога марихуана од засега непознато лице и истата требало да ја однесе во Охрид и да ја препродава на корисници. Околу 22:30 часот Оливер со ПМВ„Мерцедес“ со охридски таблички е забележан од Струга кон Охрид, и со намера да ја заобиколи полициската патрола кај с.Подмоље се упатил по споредниот пат низ селото. Од страна на службените лица превземени се мерки за негово запирање, но истиот се оглушил на наредбите и успеал да избега од лице место, при што најпрвин удрил во ПМВ„Мерцедес 280 Е“ сопственост на МВР на РМ и го оштетил на предната десна страна, а потоа удрил во ѕидот покрај патот и се упатил кон Охрид.
Од страна на службените лица, во моментот кога одбил да ги послуша наредбите, употребен е пиштол со пукање во воздух заради заплашување, а подоцна е констатирано дека еден од проектилите го погодил О.К. во пределот на левото рамо, нанесувајќи му повреда во вид на огреботина. Од страна на полицијата, возилото е запрено во близина на хотел „Амбасадор“, при што О.К. е приведен и пренесен во Костозглобна болница. Како сопатник во возилото бил и Е.И.(1985) од Охрид, кој претходно успеал да избега од возилото, по што е пронајден и приведен во СВР-Охрид.
Од страна на службените лица, кесата со марихуана со тежина од еден килограм е пронајдена покрај селскиот пат низ с.Подмоље, каде што Оливер К. ја фрлил. Увид на лице место е извршен од страна на увидна екипа од СВР-Охрид во присуство на службени лица од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Против лицата ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
извор
МВР