Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58 годишно лице од Република Бугарија и 41 годишно лице од Охрид.

Во периодот од 30 април до 13 мај 2024 година, лицето од Бугарија и уште едно лице телефонски се јавувале кај повозрасни граѓани на Охрид и лажно се претставувале како службени лица, по што им кажувале дека членови на нивните семејства предизвикале сообраќајни незгоди во кои имало жртви. Доведувајќи ги во заблуда, на оштетените им барале пари со цел да ги ослободат од затворски казни, по што охриѓанецот одел на средба со оштетените, ги земал парите и во соседна земја ѝ ги предавал на жената од Бугарија, велат од СВР Охрид.

На овој начин, додаваат од СВР Охрид, тие извршиле три кривични дела со што се стекнале со вкупна противправна имотна корист од 1.894.983 денари.

OhridNews