Продолжуваат пријателските натпревари на фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос во рамки на припремниот период. Денес гостуваат во Битола, каде ќе играат со екипата на Пелистер. Натпреварот ќе се одигра на стадионот Петар Милошевски.

На 29 јули продoлжуваат натпреварите овојпат со екипата на Новаци на домашен терен. За противникот и датумот на последната пријателска средба како што информираа од клубот дополнително ќе биде објавено.

Инаку, без голови заврши втората контролна средба со екипата на Елбасан, а поразени беа на првиот контролен натпревар со Воска Спорт.

OhridNews