Една германка родила ќерка по само 21 седмица и пет дена бременост, и со тоа станала рекордерка, бидејќи станало најмалото бебе во светот кое преживеало по породувањето. Кога била родена Фрида била долга 28 сантиметри и тешка само 460 грама.
Пет месеци подоцна таа конечно е во полна форма и големина, така да за неколку дена ќе може да ја напушти клиниката, бидејќи сега е тешка 3,5 килограми и е долга 50 сантиметри. Нејзиниот брат близнак не успеал да преживее. Директорот на педијатриската клиника не бил достапен за коментари, но дежурниот лекар изјавил дека Фрида ќе се развива нормално како и секое друго дете.