Три лица поминале четири часа во разбранетото море, северозападно од брегот на Австралија, кога нивниот брод потонал поради судир со кит, соопштиле австралиските власти. Во моментот на несреќата нивниот брод, долг 14 метри, се наоѓал во морето во висина на австралиската држава Западна Австралија.


Портпаролот на австралиската полиција изјавил дека удриле во нешто големо и цврсто, за кое веруваат дека било кит. Тој додал дека екипажот успеал да испрати повик за помош пред да го напушти бродот. Ги спасиле работниците на една нафтена платформа во близина, кои дошле до нив четири часа подоцна.