Двајца дехидрирани мажи, кои 25 дена пловеле во кутија за мраз откако нивниот брод потонал, биле пронајдени во близина на Австралија.

Мажите пловеле во црвена кутија за мраз, малку поголема од обична када, во која обично се чуваат рибите. Монсунските дождови спречиле тие да умрат од жед, а се хранеле со остатоците од рибите кои се наоѓале во кутијата пред несреќата.


Австралиските власти рекле дека мажите од Мианмар биле забележани за време на рутински лет над водите на Австралија.

Мажите од 22 и 24 години биле спасени со хелихоптер и одведени во болница.

Тие рекле дека на рибарскиот брод кој потонал на 23 декември се наоѓале уште 18 луѓе, чија судбина се уште не е позната.