Никој не може подобро да до разбере изразот „среќен погодок“ од Бреана Хелсел од Мичиген која прво ја погодил гром, а после тоа добила на лотарија.
Бреана Хелсел била во нејзината куќа во Бланхард и гледала како надвор светкаат молњи кога сватила дека прозорот од кујната бил отворен.
– Сакала да го затвори прозорот и кога стигнала до него ја удри гром. Веројатно громот удрил во куќата или покрај неа, вели нејзината мајка Линда Џонсон.
Бреана (16) на мајка си и докторите се обидела да им опише како се чувствува после ударот.
– Се чувствувам како да ми трпнат нозете, рекла тинејџерката. Додала и дека видела како електрицитетот и минува низ прстите на рацете, а над главата голем блесок кој ја фрлил на подот.
На почеток не сакала да оди во болница, но откако осетила слабост во екстремитетите, мајката одлучила да ја одведе во болница. Сем поцрнети прсти и треперење на рацете девојката немала други посериозни последици по нејзиното здравје. Докторите во болницата и предложиле да ја искористи нејзината среќа и да купи ливче за лото. Таа го прифатила советот и добивката изнесувала 200 евра.