Една Канаѓанка преживеала три дена затрупана во снег, а сега се опоравува во болница во Хамилтон.
55-годишната Дона Молнар била на пат кога ја зафатило силно невреме, па наредните три дена останала затрупана во снегот. Ја пронашол еден доброволец, кој со своето куче тргнал во потрага по исчезнатата жена.
Дона Молнар, која има хипотермија, била пронајдена под 60 сантиметри снег. Засега не е познато зошто излегла од автомобилот и тргнала во полето во кое била пронајдена. Се смета дека била дезориентирана поради невремето.