Една жителка на Австралија преживела несреќа во која нејзиниот автомобил паднал од шестиот кат на еден паркинг во Мелбурн, и за време на падот заглавил меѓу две згради. Жената се здобила со тешки посекотини на главата и била пренесена во болница, но нејзината состојба била стабилна.


Таа од автомобилот била ослободена после половина час, поради состојбата на автомобилот кој паднал од висина од 30 метри. Очевидците изјавиле дека на почетокот не можеле да поверуваат дека жената преживеала таков пад. Од агенцијата која стопанисува со паркингот не ја навеле причината поради која дошло до инцидентот.