Една жителка на Данска преживеала пад од околу илјада метри бидејќи не и се отворил падобранот, соопштиле данските медиуми. Се наведува дека настанот се случил во саботата попладне кога 28-годишната жена скокала со останатите членови на падобранскиот клуб во близина на Виборг, но не и се отвориле ниту главниот ниту помошниот падобран.
Медиумите, меѓутоа, не прецизираат дали падобранот барем делимично се отворил, што поприлично би го успорило падот. Полицијата соопштила дека жената паднала од висина од околу илјада метри. Сведоците тврдат дека после падот била при свест, а живото не и бил доведен во опасност.