Една деветнаесетгодишна русинка на необјаснив начин преживеала пад од 800 метри, откако не и се отворил падобранот. Студентката од Тјумен, Сибир, имала среќа да падне во бара длабока 60 сантиметри, а лекарите веруваат дека смртта ја избегнала благодарение на дебелиот слој мов.


Во болницата констатирале дека има неколку скршеници на рацете и нозете, како и повреда на рбетот. Во болница ќе мора да остане околу еден месец. Лекарот изјавил дека иако повредите не се многу лесни, сепак е вистинско чудо тоа што успеала да преживее. Тоа и бил прв скок со падобран, за кој сонувала со години.