Еден кубански селанец преживеал пет пати удар од гром во период од девет години. Хорхе Маркес од селото Ла Хулиа во провинцијата Лас Тунас раскажал дека за прв пат гром го удрил 1982 година додека управувал со трактор. Во 1987 година гром го удрил два пати, еднаш во 1988 година, а последен пат 1991. Тој додал дека неговата куќа на удар на гром се нашла 15 пати за две години.
После првите два удари бил пренесен во болница во безсознание, што не се случило во наредните три удари, иако имал проблеми со говорот и дишењето. Маркес додал дека имал чуено за еден американски шумар кој преживеал удар од гром дури седум пати и рекол дека не сака да го стигне неговиот рекорд.