Еден столар од Аргентина бил итно префрлен во болницата во Буенос Аирес откако негов колега случајно испукал клинец од пиштол во неговото срце. Во моментот на несреќата, момчето работело во фабрика за дрвени палети. Рендгенската снимка на неговите гради покажала дека клинецот завршил во комората на срцето, по што бил подлегнат на двочасовна операција.
Директорот на болницата рекол дека лекарите веднаш го отстарниле клинецот како би го спречиле крварењето. Главниот лекар рекол дека пациентот бил добро и дека само три лица досега преживеале ваква повреда, и тоа едно во Австралија, едно во САД и е едно во Полска.