Тешки пушкомитралези, рачни ракетни фрлачи, минофрлачи,  противавионски лансери, мини, лесно наоружување и маскирни униформи, е само дел од воениот арсенал запленет при завчерашната акција на полицијата во Тетовско, кој денеска беше презентиран во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје.

На презентацијата присуствиваше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и комплетниот полициски врв, како и голем број полициски аташеа од странскки амбасади и претставници на меѓународната заедница.

Запленетото оружје според полициските извештаи било доволно да се опреми цел еден баталјон од 650 војници и најверојатно со него била подготвувана поголема акција.

МВР соопшти дека против 17-мината уапсени во акцијата во Бродец ќе бидат поднесени кривични пријави за тероризам.

ohridnews
фото МИА