Лајонс клубот „Охрид”  кој постои 3 и пол години, ги презентираше досега реализираните активности. Членовите на клубот стојат зад 17 реализирани проекти во изминатиот период од нивното постоење. Досегашната вкупна донација во сите области на Лајонд клубот „Охрид” е над 2 милиони денари, истакнуваат од клубот.
 
Како најголеми традиционални активности се Новогодишниот хуманитарен концерт, чии средства секогаш се донираат за Здружението на слепите лица од Охрид и проектот Лајонс топ 10, односно избор на најталентирани ученици во Охрид. Овој проект, кој го иницираше токму Лајонс клубот „Охрид”, веќе го имаат прифатено клубовите од неколку градови од Македонија.


Како нов проект, повторно инициран од Лајонс клубот „Охрид” е подготовката за курсеви по информатичка технологија наменети за лицата со нарушен вид.
 
Лајонс Интернешнел е официјално советодавна членка и  на Обединетите нации.  Македонија како дистрикт, односно област фукционира во делот на  Лајонс клубовите на интернационално ниво.

На ниво на Охрид постојат три исти лајонс клубови, „Охрид”, „Десарети” и „Лихнидос”, кои претставуваат едно лајонистичко семејство кое заедно работи на проекти.

OhridNews