Изложба на слики од повозрасни сликари и сликарки од Охрид беа претставени вчеравечер во изложбениот салон при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид.Изложени беа слики од Јордан Манасиевски, Љубица Чифлигароска, Васка Опелоска, Ленче Војнеска, Јонче Силјановски, Данче Наумоска, Ленче Кошаркоска, Силвана Колчак, Александар Патчев, Разменска Суклоска, Ковиљка Малезанов, Ѓоко Симјановски, Олга Василевска и Слободанка Димоска.

Со свои музички перформанси настанот го збогатија ученици од Средно музичко училиште „Тодор Скалоски Тетоец“ од Струга, Ѓоко Чеменкоски – соло пеење, Андреј Наумоски и Хадив Селманоски – дуо виолина и Бојан Здравески на хармоника. Настанот го збогатија и најмалите членови од Балетско студио „Соната“.

Изложбата ја организира Женски Центар ,, Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“, координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.

OhridNews