Денеска во просториите на Kasarna HUB се одржа дискусија и пренесување на знаење за унапредување на работењето на јавните сервиси под водство на Германската асоцијација за менаџмент консалтинг.
Имав чест да ги поздравам присутните и да учествувам во дискусијата. Во дискустијата се разговараше за помеѓуопштинска соработка, дигитализација, урбана мобилност и добро владеење и деловна етика. Занчајно е тоа што на овие теми свои искуства и идеи споделија врвните експерти од Германија, вели гардоначалникот Кирил Пецаков.
Гости на настанот беа Каи Хаке, извршен директор на Асоцијацијата, Мајкл Хофнагел, поранешен градоначалник на Таунусштајн, Кристијан Лејер, експерт за градење на дигитални стратегии, како и Кристина Плоц, експерт за услуги за споделување и на барање и Јоханес Брунинг, експерт за регионални транспортни тарифи.
OhridNews