Петрески е добитник на наградата за мир, верба, и прогрес што Европската асоцијација , АНМИЛ ја доделува на секои две години на личности кои дале забележителен придонес во ширењето на културата, соработката и толеранцијата меѓу народите, мирот, верба и прогресот. На охридскиот грданачалник оваа награда му е доделена за неговите зслуги за ширење на културата, развојот на туризмот и промоцијата на Охрид во светот.
Оваа престижна награда досега ја добиле повеќе значајни личности од културата и државници како: Принцот на Романија, Пол, светски познатиот флејтисти Георге Замфир, адвокатот и директор на двата дома на сенатот на Италија, Вико Виченце, преседателот на Сенатот на Романија, д-р Мирчеа Џеноама, министерот за култура на Војводина, Миларад Ѓуриќ и други.
Градоначалникот на општина Охрид, Александар Петрески е добитник и на високото признание што му го додели преседателот на Сенатот на Република Италија, г – дин Ренато Сбиѓани.
Ова признание кое сенатот вообичаено го доделува за покажаната исклучителна активност и промоција на Охрид во светот и продлабочување на врските меѓу Италија и Македонија.