„Стратегијата за развој на одржлив туризам во Национален парк Галичица”, вчера и беше презентирана на јавноста.


Стратегијат е изготвена во рамките на проектот „Поддршка за Националниот парк Галичица” финансиран од KFW банката од Сојузна Република Германија. Во рамки на проектот експерти од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид извршија истражување на туристичките потенцијали во НП Галичица и Општините Охрид и Ресен, врз основа на што меѓународниот експерт за туризам, Никол Хојслер од Сојузна Република Германија, ја изготви „Стратегијата за развој на одржлив туризам во Национален парк Галичица”.

Ohridnews