Денес беше презентирана националната ознака за органска храна.

Македонското органско производство на храна ќе има свој симбол- сонцето и фиданката. Наскоро преку овластените сертификациски куќи Македонија ќе почне  да издава сертификати со националната ознака за органска храна – „сонце и фиданка“ со кои ќе се гарантира потполно органски производ, во кој се запазени сите критериуми за производство.


Како што информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Македонија во однос на организираниот начин на органско производство на земјоделските производи е лидер во регионот и пошироко. Од 50- тината регистрирани производители на органска храна пред неколку години, сега нивниот број изнесува 320.

Националната ознака е изработена врз основа на анкетата спроведена на веб-страницата на Министерството со непосредните производители на органско производство и граѓаните.

Законот за органско производство беше донесен на крајот од минатата година, а донесени се и неколку подзаконски акти.

OhridNews